Наши ѕвезди

Виолета Томовска заигра со Дац и Александар – поради оваа песна во трио и вие ќе заиграте (видео)

Што да слушате во празничнава сезона? Ако сте за подигнување на расположението, еве ви трио песна.

Advertisement

Познатата песна „Заиграј со мене“, доби нова верзија, благодарејќи на Дац и Александар кој се здружија, запеаја, заиграа и снимија спот со легендарната Виолета Томовска.

принтскрин, Јутјуб

„Многу се радувам што сум дел од оваа топла приказна! Приказна за повозрасните да се потсетат, а помладите да научат и дознаат! Во чест и сеќавање на Маестрото наш Милан Завков и осумдесетиот роденден на македонската кралица Виолета Томовска“ – напиша Дац на социјалните мрежи.

Advertisement

„Ја вративме нашата кралица на сцената“ – напиша Александар кој го направи и аранжманот на песната.

На хармоника е Мишел Трајковски, гитари: Бобан Василески / Ташко Грујовски, труба: Диме Танчев клавијатури: Боби Јоргушески, а диџеј е: Миле Ѓуриќ.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button