Модната кралица Викторија Бекам по незгодните фотографии на кои е во малку „невообичаено“ издание и кои преку ноќ го заобиколија светот, повторно е во центарот на вниманието поради нејзиниот беспрекорен стил.
Поранешната спајсица и дизајнерка минатиот викенд зборуваше на еден самит на ОН (Social Good Summit) како амбасадор на добра волја кога ги воодушеви сите со изборот на нејзините шик рамни обувки. Таа носеше извонредни црно-бели рамни обувки со шпиц во комбинација со пуловер, кошула, панталони и чанта од нејзиниот познат моден бренд.
Поранешната спајсица во малку „незгодна“ ситуација …
Инаку, Викторија во оваа шик деловна комбинација се појави само неколку дена по малата незгода во еден ресторан каде беше со нејзиниот сопруг кога папараците ја фатија поднапиена и во малку „непријатна“ ситуација.
Ако ви се допаѓа оваа комбинација и сакате да ги видите цените на најубавите модели на рамни обувки за оваа есен и зима со кои би можеле да го позајмите стилот на Викторија, кликнете тука или отворете ја галеријата во продолжение.
види повеќе » |