Викенд среќници (8-9 март): Три хороскопски знаци ќе ги стрефи ненадејна среќа!
Не се плашете да прифатите нови можности, да излезете од комфорната зона и да го следите внатрешното чувство! Овој викенд е создаден за неочекувани, но прекрасни пресврти!

Викендот што доаѓа носи вистинска магија за неколку избрани хороскопски знаци. Додека некои ќе се одмораат и ќе поминуваат низ обичните текови на деновите, три хороскопски знаци- среќници, ќе почувствуваат бран на позитивна енергија, љубовни искри и финансиски можности што нема да можат да ги игнорираат.
Овие два дена ќе им донесат возбудливи средби, неочекувани понуди и моменти за паметење. Ако сте еден од нив – подгответе се за убави изненадувања!
Овен – Пари, љубов и возбуда!
Овни, подгответе се за викенд полн со акција! Вашата енергија ќе биде на врвот, а тоа ќе ви донесе одлични можности во финансискиот и љубовниот аспект. Можно е да добиете пари од неочекуван извор – можеби ќе ви вратат стар долг, ќе добиете бонус или ќе добиете предлог за работа што ветува одлична заработка.
Во љубовта, ако сте во врска, очекувајте искри и страст – партнерот ќе направи нешто што ќе ве воодушеви. А ако сте сингл, не занемарувајте го случајниот флерт – можеби тоа ќе биде почеток на нешто многу повеќе од обична авантура!
Дури и мал излез во град или случајна средба во маркет може да ви донесе нова симпатија.
Лав – Вие сте ѕвезда, и сега сите ќе го забележат тоа!
Лавови, подгответе се за викенд во кој ќе бидете центар на вниманието! Ќе зрачите со харизма и шарм, а луѓето околу вас нема да можат да ви одолеат. Можно е да добиете покана за важен настан, забава или вечерно дружење каде што ќе запознаете интересни луѓе.
Во љубовта, ако сте сингл, овој викенд може да донесе неочекувана, но судбоносна средба. Некој ќе биде опседнат со вас од првиот момент! Ако сте во врска, вашето присуство ќе биде толку моќно што партнерот ќе ве гледа со нови, заљубени очи.
Вашата самодоверба ќе биде на максимум, а тоа ќе ви донесе само позитивни работи.
Риби – Судбински пресврт, нови можности и духовна хармонија!
Риби, вашиот викенд ќе биде обвиен со магија! Интуицијата ќе ви работи совршено, па дури и ако не сте го планирале тоа, ќе се најдете на вистинското место во вистинско време.
Можно е да добиете вести што ќе ви го разубават денот, како повик од стара љубов, понуда за патување или неочекуван подарок.
Љубовта ќе биде посебно нагласена – викендов носи романтични мигови, а можеби дури и неочекувано признание на чувства од некој што не сте го гледале на тој начин. Ако сте во врска, ќе почувствувате длабока емотивна поврзаност со партнерот.
Освен тоа, Рибите кои сакаат креативни активности, ќе бидат инспирирани како никогаш досега! Ова е совршен период за пишување, сликање, танцување или едноставно – уживање во животот.