Веселба во семејството на Лила – „два живота да живееме не можеме да ти се оддолжиме“
Семејството Стојановски се собра со голем и убав повод.
Познатата водителка сподели радосна вест на социјалните мрежи.
Семејството Стојановски се собра со голем и убав повод. Славеничка е мајката – кралица, која наполни 80 години.
„Нашата Мајка Кралица денес полни 80 години и нема доволно зборови со кои би можеле да ја изразиме нашата бескрајна љубов и благодарност што токму таа е нашата мајка. За се што не научи, за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир…два живота да живееме не можеме да ти се оддолжиме …иако никогаш не го бараше тоа од нас. Ти фалеше твојата Маце ама ја вклучивмe на вибер па бевме комплетни. Те сакаме Мама и да ни живееш уште доооолго дооолго“ – напиша Лила, а пораката ја украси со бројни емотикони од срценца.
Емоциите блескаат и на фотографиите. А во преден план е и тортата во форма на срце украсена со цвеќиња и свеќички со бројот 80.
Инаку, Маце, односно Марина Кипријановска, е сестрата на Лила која живее во Гетеборг, Шведска. Водителката и сестра ѝ се многу блиски, па Лила неретко знае да отпатува кај неа во Шведска.
И Лила е родена во Гетеборг каде што живеела до 12-годишна возраст.
Срцето е секогаш полно, кога во семејството владее слога и многу љубов.