Катарина Цановска и Ирена Цветковиќ за веселата математика на Соња Тарчуловска
Реакции околу отвореното писмо на госпоѓа Тарчуловска
Реакциите околу писмото што Соња Тарчуловска го напиша во јавноста за потрошените 5000 евра што секој месец ги добиваше од државата се уште не стивнуваат. Па така откако новинарката Катерина Цаневска со отворено писмо и се обрати на Тарчуловска преку Фејсбук во кое отворено ја критикуваше дрскоста на сопругата на Јохан да се расправа со граѓаните што биле револтирани од тоа што државата секој месец морала да издвојува по 5000 евра за нивното семејство, се јави и познатата активистка и борец за ЛГБТ права, Ирена Цветковиќ, со следниот коментар: „Има ли некој добронамерен комшија од Кисела Вода да и’ пренесе на Соња Тарчуловска дека мажот је лежеше затвор заради убиство на цивили, а не заради одбрана на татковината?“ Инаку и во отвореното писмо на поранешната новинарка во А1 телевизија, Катерина Цаневска постојат исто така некои дилеми околу веселата математика на Тарчоловска. Имено, таа и пишува на Соња дека можеле да потрошат многу помалку пари за нивните посети во Хаг, но и дека Соња не споменала дека во истото време била и вработена во Владата од каде исто така земала плата, па не преживувала само со тие „бедни“ 270 евра кои, како што вели самата госпоѓа Тарчуловска, и останувале од петте илјади евра. „Добро е за вас што сега немате само 270 евра за преживување туку и пратеничката плата на Јохан, а како што читам и убави приходи од фирмата „Мел-Ком транс Дооел“. А што се однесува до можната градоначалничка плата на вашиот сопруг, сигурна сум дека жителите на Кисела Вода нема ова да го дозволат. Filip Temelkovski е мојот и наш избор!“ вели таа.
Еве го нејзиното писмо во целост, но и писмото на Соња.
Па, што мислите вие за ова?