„Верувам ме чува од небото и се радува што тргнав по нејзините стапки“ – вака изгледа денес ќерката на Есма Реџепова
Есма има 47 посвоени синови и една ќерка. Последното дете што го посвоила била Елеонора Мустафовска, пет години пред нејзината смрт.
На денешен ден, пред осум години, си замина кралицата на ромската музика Есма Реџепова. Есма беше културен амбасадор на Македонија во светот, одржа над 8000 концерти во повеќе од 30 земји.
Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија, но по нејзината смрт, и покрај бројните ветувања дека ќе се сочува нејзиниот имот и ќе се трансформира во музеј, ништо не се направи.
Нејзината куќа се претвори во руина, се што беше вредно беше украдено, а имотот од 1300 квадратни метри е сосема запуштен.
Брилијантната кариера на Есма траеше речиси шест децении, а покрај музиката и неповторливиот глас, беше истакната хуманитарка. Хуманоста ја покажа и со тоа што израсна 48 деца.
Есма има 47 посвоени синови и една ќерка. Последното дете што го посвоила била Елеонора Мустафовска, пет години пред нејзината смрт.
„Одлично се согласуваме, како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имаш женско дете покрај себе, отколку машко, и не се излажав. Елеонора студира на универзитет во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на бендот кој ме придружува”, изјави своевремено Есма за ќерка си.
По завршувањето на факултетот, Елеонора почна да гради музичка кариера, тргнувајќи по стапките на мајка ѝ, но пред публиката се претставува под уметничкото име Малиша.
„И понатаму верувам дека таа ме чува од небото и дека се радува што продолжив по нејзините стапки“, вели таа.
Погледнете во каква убавица израсна Елеонора.