Украсување на велигденски јајца без фарбање
Постојат многу феноменални идеи како да ги украсите велигденските јајца без фарбање. Сепак, не мислиме на сликичките “облечи јајце”!
Еве неколку предлози; веруваме дека ќе пронајдете неколку што ќе ви се допаднат и уште денес ќе ги испробате. Само мало потсетување – пред украсување, прво сварете ги јајцата.
Во костум
Околу јајцето едноставно врзете парче ткаенина и заврзете го со украсна вратоврска. Симпатично, зарем не?
Со ленти од самолеплива хартија
Украсете го јајцето со ленти од самолеплива хартија во разни бои. Со ножици исечете ленти во бои и со различни форми и декорирајте ги јајцата по желба.
Како мама, тато, бато…
Сигурни сме дека на сите деца ќе им се допадне ова. Украсете го јајцето со самолепливи ленти и исцртајте го лицето со маркер.
Со водени бои
Дајте им на вашите клинци да ги насликаат јајцата онака како што сакаат со водените бои. Мноштво шари и весели бои!
Со копчиња
Ова е за оние кои сакаат откачени експерименти. Овие јајца служат за декорација. Врз веќе офарбаните јајца залепете копчиња во различни бои. Интересно, зарем не?