Остана вдовица на 30 години и се поправи, а потоа со селфи фотографии ослабна преку 50 кг
Една млада жена успеала целосно да си го трансформира животот на подобро така што се соочила со своите најголеми стравови …
Џастин MекКејб на само 30 години останала вдовица кога нејзиниот сопруг Џон Пол починал во февруари минатата година. По трагедијата, таа едвај излегувала надвор од куќата и целосно се предала на нездрава храна.
Три месеци по смртта на нејзиниот сопруг, пријателите и семејството ја наговориле да оди во теретана за малку да се орасположи и да се охрабри да се ослободи од вишокот килограми. Во тој момент, Џастин имала 142 килограми.
После вежбањето, Џастин почнала да се чувствува одлично и сфатила дека мора да промени нешто во својот живот. Па така, оваа мајка на две деца почнала секојдневно да прави selfi-автопортрети за да документира како слабее. Исто така, почнала здраво да се храни и да вежба во теретаната и тоа шест пати неделно.
Во исто време, Џастин одлучила да се соочи со своите најголеми стравови како скокање со падобран, самостојно патување во странство, вежбање, искачување на Ајфеловата кула. По една година, Џастин изгледа речиси непрепознатливо. Таа е сега бестрашна жена, полна со самодоверба и со 56 килограми помалку.
Нејзината неверојатна сторија денес мотивира илјадници луѓе од целиот свет, а искрено се надеваме дека ќе влијае позитивно и на вас.