Реклама
MAMAДом и семејство

Ваквото миење НЕ ги дезинфицира садовите: Еве што точно треба да направите

Реклама

Додека ги миете садовите со топла вода и детергент, сигурно мислите дека ги оставате чисти и дезинфицирани. Но, важно е да знаете дека повеќето средства за миење садови немаат антибактериски својства. Тоа е вистина, па дури и ако ги чистите со сета своја сила. Вашите чисти садови можеби се легло на многу бактерии, вируси и нечистотии.

ФОТО: mashed.com

Како да бидете сигурни дека садовите ви се целосно чисти и сигурни за употреба? Следете ги овие упатства!

Ако имате, користете машина за садови

Машината за садови уништува повеќе бактерии. Таа можеби не е најдобриот начин за отстранување маснотии, но во текот на миењето постигнува многу повисока температура отколку што би можеле да поднесат вашите раце. За да бидат уништени бактериите, температурата на водата треба да биде над 60 степени.

Маркетинг

Користете многу топла вода

Ако немате машина и морате да ги миете садовите рачно, тогаш користете многу топла вода.

Фрлете го сунѓерот

Ако и понатаму ги миете садовите со сунѓер, најверојатно на вашите чинии и чаши им додавате бактерии. Користете силиконски четкички кои лесно се перат и сушата, а ако никако не можете да се одвоите и сунѓерот, погрижете се да го менувате барем еднаш неделно.

Маркетинг

Кујнски крпи

Ако по миењето ги бришете садовите со валкана крпа, тоа е исто како да не сте ги миеле. Секогаш користете целосно чиста и испеглана крпа за бришење на измиените садови.

Поврзано

Back to top button