
За да го подготвите рецептот потребно ви е:
8-10 шницли свинско каре,
2 главици кромид,
сол по желба,
брашно, оригано,
црн пипер,
сончогледово и маслиново масло,
бело вино,
рузмарин,
лук.
Подготовка:
Загрејте го сончогледовото масло во голема тава. Додадете едно неизлупено чешне лук и гранче рузмарин.
Зачинете го свинското каре со сол и со бибер.
Потоа, се валкаат во брашно и се пржат на врело масло додека добијат убава златна боја. Извадете го месото на кујнска хартија.
Исечете го кромидот на полумесечини и изгмечете го со прстофат сол. Истурете чаша маслиново масло во друга тава.
На дното ставете го исечканиот кромид, одозгора месото и завршете со преостанатиот кромид. Истурете 2-3 лажици бело вино и исто толку топла вода. Посипете со прстофат оригано, по желба.
Покријте го тенџерето и динстајте го месото околу 15 минути на тивок оган.
Свинското каре послужете го топло со салата по ваш избор.