Вака изгледа кога ќе се здружат Пере Нокаут, Брејк и Игор Џамбазов – емоции што тешко се изразуваат со зборови (видео)
Убавината на оваа песна е и резултат на една посебна соработка.
Излезе песната „Оваа песна не знаев да ја напишам“ или „Песната што не знаев да ја напишам” во изведба на Брејк, која е дел од неговиот нов материјал кој во моментов се подготвува и се снима.
Но убавината на оваа песна е и резултат на една посебна соработка.
Имено, Никола Перевски – Пере се појавува како автор на музиката и аранжманот.
„За прв пат во неговата кариера (Пере) соработува на песна во која се застапени тројца автори на текстот, заедно со легендарниот Игор Џамбазов и долгогодишниот пријател и соработник Дарко Гелев – Брејк. Оваа балада носи емоции кои тешко се изразуваат со зборови. Слушајте и уживајте во нивната заедничка креативна алхемија!“, стои во објавата на фејсбук-страницата на Нокаут.
Покрај бројните комплименти, еден ни падна в очи – „Оваа песна е доказ дека во моментов Пере е музичар бр.1 кај нас. Со полн респект кон изведбата на Брејк. Одлична песна, како за заокружување на годината на музички план“.