Вака изгледа денес најголемата љубов во животот на Лила – водителката никогаш не криела колку го сака
Ова е наследникот на нашата најпозната водителка

Тој е нејзината најголема љубов во животот
Водителката Лила Филиповска важи за една од нашите најпознати дами, а зад себе има богато телевизиско искуство.
Но покрај својата успешна телевизиска кариера, Лила има и наследник со кого е мошне блиска и кој многу личи на неа.
Имено, Лила од својот прв брак го има синот Филип на кого водителката пред неколку месеци му го прослави 30-от роденден.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката на својот Инстаграм често знае да сподели заеднички фотографии на кои е со својот миленик, но и да напише емотивни редови посветени на Филип и нејзината голема љубов кон него.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Па така таа во една пригода ќе напише дека тој за неа засекогаш ќе остане нејзино „дете“, иако веќе е возрасен и има 30 години.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„Јас ти го дадов името, делиме ист хороскопски знак и уживаме во музиката и во работите кои ни го разубавуваат животот! Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двигател и поради тебе сум она што сум!, напиша Лила и со овие зборови пред неколку месеци му го честиташе роденденот на синот.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Филип ретко се експонира во медиумите и не ја користи славата на неговата мајка, но затоа водителката понекогаш знае да сподели заеднички фотографии и да ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И под секое нивно заедничко издание следуваат бројни коментари, а според многу од нив Филип личи на неа.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Што мислите вие?