Утре е голем христијански празник на кој се исполнуваат желбите на децата: Родители, направете го ова

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 3 февруари.
Утре се празнува Св. Симеон Богопримец и св. пророчица Ана.
Црквата сочувала еден благочестив обичај, во деновите после големите празници да ги слави оние личности што учествувале во тој празник. Поради тоа, веднаш после празникот Сретение се слават свети Симеон Богопримец и света пророчица Ана. Тие се првите луѓе што го познаа Помазаникот Божји, или Христос, во смирениот човек Исус.
Во времето на египетскиот цар Птоломеј Филаделф, овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на грчки.
фото пекселс
Но, во тој миг му се јави Ангел Божји и го задржа од неговата намера, објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно. А дека е вистинито и точно, му кажа Божјиот известител дека ќе се увери и самиот, зашто по Божја волја нема да умре дури не Го види Месијата роден од девојка.
Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од небото, го остави пророштвото неизменето и Му заблагодари на Бога што го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец беше донесен во јерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји му јави на старецот Симеон, којшто беше престарен и бел како лебед.
Симеон брзо отиде во храмот и таму ја препозна Дева со Младенецот, според светлината што зрачеше од нив како ореол. Радосен старецот Го зеде Христа на своите раце и Го замоли Бога да го отпушти од овој живот: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, според зборовите Твои, зашто очите мои го видоа спасението Твое“.
Овде се најде и пророчицата Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа Свети Симеон се претстави. Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.
фото пекселс
На овој голем празник се верува дека треба да се помолите на овие светци за среќа и здравје на најмладите, а доколку тоа го направите од срце, тие ќе им подарат здравје, благосостојба и среќа во животот. Затоа утрово поранете во црква, запалете свеќа и помолете се.
Утре треба да си играте со своите деца, да се смеете и забавувате, бидејќи на денешен ден се исполнуваат нивните желби. Тие не мора да бидат материјални, љубовта која ќе им ја дадете ќе биде најдобар подарок.