Дом и семејствоПрепораки

Успешно се одржа осмата обука од Караванот на мајчинство во организација на dm и Матрона

Advertisement

На 23 април, во Куманово се одржа важна и инспиративна обука, осма по ред од Караванот на мајчинството, организиран од dm и Матрона.

Од 17:30 до 19:30 часот, во уникатната атмосфера на SPA-ROOFTOP BAR во Куманово, речиси 40 учесници се собраа за да учат, споделуваат искуства и ја продлабочат својата свест за важноста на правилната исхрана и добриот имунитет.

Advertisement

Темата на обуката беше: “Правилна исхрана и добар имунитет: Препораки за трудници, мајки кои дојат и деца во најрана возраст”. Прим. д-р Марина Поп Лазарова и д-р Александра Хаџи-Димова, врвни експерти во областите на здравјето и исхраната, ги споделија своите знаења и искуства, создавајќи атмосфера на доверба и поддршка.

Секое излагање беше проследено со искрени и емотивни моменти, каде што учесниците не само што научија нови информации, туку и се поврзаа со своите чувства и искуства како мајки и идни родители.

Advertisement
Промо

Оваа обука не беше само предавање, туку и простор за размена на приказни, совети и охрабрување. Сите присутни се вратија дома со нови знаења и инспирација, подготвени да ги применат советите во своите секојдневни животи. Караванот на мајчинството продолжува да ги обединува нашите заедници, поттикнувајќи нѐ нас, како родители, да се грижиме за нашето здравје и здравјето на нашите најмили.

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и продолжуваме да создаваме заедница која ќе се поддржува, учи и расте заедно. Од компанијата се заблагодаруваат на сите учесници и предавачи за оваа незаборавна вечер!

Промо

Промо

Промо
Комерцијална објава

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button