Урнебесно и врвно, како да е од Бродвеј – Тања, Јелена и Светлана „растураат“ во диско верзија на песната „Седна баба да вечера“ (Видео)

Позната народна песна со хумористична содржина „Седна баба да вечера“, изведена во врвниот Александар Сариевски, песна која доби бројни реинтерпретации и изведби од бројни познати пејачи, од вчеравечер може да ја слушнеме во нова „облека“, изведена од вокалната солистка Светлана Јовановска, актерката и пејачка Тања Кочовска и актерката Јелена Јованова.
Новата интерпретација на песната има цел да ја доближи младата публика до изворните народни песни преку диско-фанк-соул реаранжман.
Придружните вокали се Ана Костадиновска, Сара Пројковска и Ивана Гешовска. Тапани – Гоце Стевковски, гитара – Александар Ристовски, перкусии – Ратко Даутовски, бас гитара – Горан Гешовски, клавијатури – Лазар Аврамовски, Виола – Александар Лаовски, виолина – Димитар Михајловски, снимање и постпродукција Лазар Аврамовски и Ангел Ќосев, продуцент – Лазар Аврамовски.
Не пропуштајте да ја видите и чуете:
Инаку, спотот е правен со помош на вештачка интелигенција.