Реклама
Култура[тор]

Упатство за фотографирање портрети

Реклама

„ Сакате да правите интересни и впечатливи портрети? Тогаш погледнете надвор од матрицата и променете, или барем изменете некои од правилата давајќи си малку слобода и оставете случајноста да биде пресудна за моменти. “

 

Маркетинг

 

1. Променете ја вашата перспектива :

Маркетинг

Повеќето портрети се фотографирани од камера од видното поле на субјектот. Иако ова е едноставен добар начин, тотална промена на аголот на фотографирање може да направи да добиете неверојатен портрет.

Центрирајте се над субјектот и сликајте надолу од поголема висина, или пак прилепете се до земјата како ќе можете да го замрзнете вашиот субјект во фотографија. Со било кој од начиниве ќе го гледате субјектот од агол на границата која предизвикува интерес.

2. Играјте со контакти на очите :

Интересно е колку насоката на погледот на субјектот може да влијае на фотографијата. Во повеќето портрети имаме субјект кој гледа директно во објективот – нешто што навистина може да создаде конекција помеѓу субјектот и оној кој ја гледа сликата. Но постојат уште неколку ствари кои треба да се пробаат.

А) Гледање надвор од камерата: Нека погледот на вашиот субјект биде насочен кон нешто што е надвор од видното поле на камерата. Овој пристап претставува искреност, а набљудувачот на композицијата е заинтересиран за мистеријата на субјектот. Оваа интрига се припишува на емоциите кој ги покажува субјектот на композицијата, на пример како да се прашува зошто се смеат луѓето преку улицата, или покажува тага поради нечија несреќа и слично. Но притоа имајте во предвид дека кога имате субјект кој гледа надвор од рамките, да го насочите окото на набљудувачот кон крајот на композицијата, да ја видат крајната цел. Кога набљудувачот ќе биде интригиран од субјектот на фотографијата, тогаш сте оствариле успешна фотографија.

Б) Гледање во рамките на фотографијата: Кога имате субјект кој гледа во нешто, или некој во рамките на фотографијата, дете кое гледа во својата топка, мајка која гледа во нејзиното новороденче, човек кој засладувачки гледа во голема чинија со шпагети, креирате поента за интерес на врската помеѓу нештото и субјектот.Помага да креирате приказна преку фотографија.

3. Прекршете ги правилата на композиција :

Има доста правила за композиција, и секогаш има моменти кога ги сакаме или мразиме тие правила. Знаеме дека се корисни и добро е да ги знаеме за да ги  употеребуваме, додека треба и да ги познаваме за да можеме намерно да ги прекршиме. Се постигнуваат трикасти резултати.

Правилото за Третините е добра причина за прекршување, неправилно поставување на вашиот субјект или мртва точка може да создаде импресивна слика.

Друго „ правило “ за кое често зборуваме во фотографии на поретрети е вклопување на субјектот во простор кој му одговара. Тоа функционира многу добро, но повторно, некогаш правилата се создадени за да бидат поништени!

4. Експериментирај со светлината :

Друг елемент кој уникатно се вклопил во вашите портрети е начинот на кој ја употребувате светлината. Постојат речиси безброј можности кога станува збор за осветлување на портретите.

Странично осветлување изгледа  „ cool “, позадинско осветлување и експонирање на силуетата на субјектот создава мистичена атмосвера со прикривање на одредени карактеристики, но сепак силен впечаток со јаки импресии.

Користењето техники како бавен синхронизиран блиц претставува особен ефект при правењето портрети.

5. Лишете го субјектот од неговата комфортна зона :

Има милиони можности на композиции за портрети, класично со глава и рамења, во профил, во различни позиции и тн. Но сепак сето тоа изгледа едноставно, обично. Доколку сакате нешто поспецифично, ви преглагаме да ја промените локацијата на некое поинтересно место и да почне да се случува забава.

Започнете со тоа што ќе го натерате субјектот да скока врз кревет, тромболина, со ролери, скејт, или пак во базен. Ќе може да забележите дека ќе добиете доста интересни, смешни и неверојатни фотографии!

6. Фотографирајте слободно :

Доста често позираните фотографии изгледаат многу… позерски! Некои луѓе едноставно не изгледаат добро во позирачка атмосвера, па овде емоментот кога треба во сила да стапи принципот на слободно фотографирање.

Фотографирајте го вашиот субјект додека е на работа, дома, со лугето кои ги сака или додека прави нешто што го работи со љубов. Ова ќе ги натера да се чувствуваат безгрижно и слободно и може да направите прекрасни фотографии од нив додека се однесуваат нормално во ситуацијата во која се наоѓаат. Тука е и оптичкиот зум кој може и од поголема оддалеченост да ги долови нивните расположби и да ви овозможи да бидете многу папарацкасти со нив.

Најдобро функционира при фотографирање на деца, но не исклучителни се и останатите на било која возраст.

7. Внесете стожер :

Да, голем ризик е додавањето потпора на главниот субјект каде можете да го одземете внимание од него, но исто така може да додадете приказна на композицијата и да ја однесете во сруга насока каде стожерот му дава дополнителна длабочина на вашиот субјект која безтоа не би била еднакво длабинска.

8. Фокусирајте кон едно место од телото – дојдете поблиску :

Фотографирањето на човечки очи, раце, уста, дури и пониските делови од телото создаваат простор за имагинација за набљудувачот на сликата. Понекогаш изгледа како да е остаток од фотографија отколку што иницира на она што е во неа, но бездруго нема да остане незабележана од публиката.

9. Замаглете делови од субјектот :

Варијацијата на зумирање во еден дел од телото, а засенување на другите е можен на различни начини. Засенете делови од телото или лицето на субјектот за да истакнете нешто посебно. Овој ефект се користи не за друго, туку за истакнување на особени карактеристики кои сакате да ги истакнете, можно е со облека, со споредни објекти и на еден начин врамување на одредени делови од целата композиција.

Правејќи го ова значи да дадете мотив за имагинација на набљудувачот, но секако да го насочите нивното внимание на одредени потенцирани делови кои намерно ги фокусирате.

10. Направете серија од фотографии:

Вклучете ја вашата камера на ‘burst’ или ‘continuous shooting’mode и  направете повеќеод една слика наеднаш. Правејќи го ова создавате серија фотографии кои се презентираат во една статична фотографија. Ефектот е збогатување на содржинскиот дел од композицијата, давајќи си можност за голема креативност каде можете да претставите некоја активност, контрастни содржини и многу други опции кои сакате да ги претставите. Навистина интересен начин за правење порет со подлабинска содржина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button