Хороскоп

Tешко да ви кажат – Те Сакам! – Овие два хороскопски знаци делуваат ладно

Advertisement

И наместо да се нервирате бидејќи не можат да се натераат да ви кажат “те сакам“ можеби подобро би било да научите да ги прочитате знаците со кои тоа ви го покажуваат.

Јарец

Advertisement

“Ладен“ е првиот впечаток за личностите кои се родени во овој хороскопски знак. Тој изгледа како непробојна тврдина која ништо не ја погодува, но кога ќе ги процесираат нештата во состојба се да плачат цела ноќ. Секако ако се сами дома.
И таман кога ќе помислите дека срушивте еден ѕид, тој крева друг и така во недоглед.

Стравот од повредување е тој кој го спречува Јарецот да ги покаже своите чувства и затоа ги закопува длабоко во себе.

Но сепак неговата фасада паѓа во вода кога ќе му покажете дека навистина ви значи. Само треба да имате трпение и челични нерви.

Advertisement

Лав
Она со што Лавот не може да се избори е суетата која го спречува да се отвори и да ја покаже својата ранливост на друга личност. Никогаш нема да признае дека од нешто се срами, секогаш ќе имате впечаток дека за него знаете помалку од што тој знае за вас.

Со леснотија ќе ве остави на цедило и тешко ќе прифати своја грешка.
“Извини“ е збор кој нема да го каже лесно, ако воопшто некогаш успеете да го натерате да каже.

Во својата глава тој е совршен. Полесно ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе ги покаже своите чувства.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button