Вирално

Таткото објави шокантни фотографии од малолетното девојче што беше нападнато од куче: „Ќе го тужам градот, но и Анима Мунди“

Advertisement

Кучиња дивеат ви општина Аеродром

Advertisement

Граѓаните на скопската населба Аеродром се вознемирени откако неколку граѓани пријавиле дека биле нападнати и каснати од куче. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа од 22 до 02 часот по полноќ во Полициска станица Аеродром пријавени биле шест настани за каснати лица од куче кои се случиле на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и „АСНОМ“. Станува збор за шест лица од четири се деца на возраст од 10 до 14 години и две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години.

Еден од татковците на децата кои биле каснати, на социјалните мрежи објави шокантни фотографии со следниов коментар:

„Ова се раните на раката на мојата помала ќерка Ума, која вчеравечер беше нападната од куче во населбата Аеродром. Покрај неа искасани се уште 7 деца и 2 возрасни. Детето ми е спасено благодарение на госпоѓа Тања случајна минувачка која со голи раце се нафрли на кучето да ја спаси Ума. Барам правен совет…. Сакам да ги тужам град Скопје и оние од Анимамунди”, напиша Танер Хајретин на својот Фејсбук профил.

Advertisement

Неговиот коментар предизвика голем револт кај граѓаните, а меѓу нив многумина се гневни на здружението Анума Мунди кое се бори за правата на животните и кое според многумина се главни виновници на се почестите напади на кучињата скитници во државата.

Од Анима Мунди пак велат дека кучето што ги нападнало граѓаните е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон. Според нив, кучето е напуштено од сопственикот и тие се обидуваат да го лоцираат, а како што велат во своето соопштение бездомните кучиња од тој регион се стерилизирани – вакцинирани и обележани и се миленици на децата што живеат таму, Според нив вината треба да се бара кај неодговорните сопственици и кај оние кои кучето го воспитале да напаѓа и го пуштиле слободно да се шета и на тој начин ги изложиле граѓаните на опасност.

„Неодговорното сопствеништво е причинител број 1 за постоење на бездомните кучиња на улица, испуштените од контрола и неодговорно чуваните кучиња се оние кои се недоволно социјализирани и оние кои главно напаѓаат, за што говорат и податоците во Инфективната болница и искуствата со кои се соочуваме на терен“, стои во соопштението на „Анима Мунди“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button