Реклама
Култура[тор]

Култните Tuxedomoon во култното Скопје на платото пред МКЦ

Реклама

„На 21.09.2011 за отварањето на 36то издание на МОТ како специјални гости со целовечерен концерт ќе настапи култниот бенд Tuxedomoon.“

Групата ќе настапи во склоп на нивната турнеја „30 and something years of Tuxedomoon“ во која ќе се претстават со најдобрите дела на бендот. Концертот ќе се одржи на платото пред МКЦ.

Маркетинг

Овој култен бенд е оформен во дамнешната 1977 година во Сан Франциско кога Блејн Л. Реинингер и Стивен Браун како студенти се сретнуваат во лабараторијата  за електронска музика во колеџот. Потоа им се придружува Питер Принсипп и бендот започнува со своите први настапи.

Тuxedomoon се под големо влијание на музиката што во тоа време се свири во Европа, па така, тие, на еден извонреден начин го спојуваат панкот со new wave-от и создаваат своја оригинална музика. Таквата нивна артикулација набргу ќе биде прифаена од групата собрана околу Енди Ворхол , па бендот заминуваат за New York каде што добро е прифатен од тамошната публика. Следува соработката со The Residents (бенд кој исто така пред година-две гостуваше во Скопје), па потоа, во 1980 та, турнеја во Европа – тлото на стариот континент каде што одлучуваат да останат на подолго време.

Маркетинг

Тие во 1989 година одлучуваат да стават крај на бендот и соработуваат само на проекти од областа на театарот, филмот.. но по концертот во Тел Авив, во 1997 година и прекраснот прием од тамошната публика, ситуацијата ги „принудува“ луѓето од овој  бенд повторно да се соединат и да почнат со работа.  Потоа следуваат канската премиера на филмот Downtown 83, па сорабоката со DJ Hell и создавање на популарниот ремикс на нивната песна No Tears, журка на плоштадот во Мексико Сити…

{youtube}U2xs8NauMNk{/youtube}

alt

За останати текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button