Познатата пејачка за откри една мала тајна
Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопeз и во 47 година од животот изгледа одлично па дури и многу подобро од почетокот на својата кариера.
Таа деновиве снимаше насловна за магазинот „Harper’s Bazaar“ каде ја откри својата мала бјути тајна. Имено во интервјуто за американското издание на магазинот Џенифер изјави дека убавиот изглед го постигнува со позитивни афирмации односно цело време си повторува дека е млада и убава.
„Афирмативното размислување е многу важно. ’Млада сум и немам рок на траење’. Си го зборувам тоа постојано, секој ден. Знам дека звучи како некое глупо клише, но не е. Се е во умот. Погледнете ја Џејн Фонда. Таа се потпира на важни основи – спие од осум до десет часа дневно, не пие, не пуши и живее чист живот“ вели познатата пејачка.“