Генијален трик што го научивме од Џиџи Хадид
Познатата манекенка ни покажа како само во еден чекор да постигнеме совршена нијанса на „nude“ кармин. Производот што ни е потребен за овој „експеримент“ веќе сите го имаме во нашите козметички чантички и спремно не чека да го употребиме како кармин. Имено, познатата манекенка во интервју за „W Magazine“ откри дека своите усни ги смета за премногу темни па решението го пронашла во користење коректор како кармин за усни. Да, оваа 22 годишна дама овој трик го користи веќе со години и доколку мислевте дека станува збор за некој скапоцен кармин во боја на кожа, сега сигурни сте изненадени. Впрочем и ние сме!
Прво пилинг, па потоа коректор!
Пред да го нанесете коректорот на усните, направете пилинг. Само негувани и мазни усни со коректорот изгледаат убаво.
Всушност слично е како и кај потемните нијанси на кармини, а посебно кога е во прашање впечатливата црвена воја. Откако ќе направите пилинг нанесете балсам за усни и пуштете усните добро да впијат. Дури потоа можете да нанесете коректор и преку него сјај по желба.
НАШ ПРЕДЛОГ: ΜATT CONCEALER EXTRA COVERAGE>>
Без разлика дали станува збор за подочници, флеки или ситни брчки, вистинскиот коректор може да направи чуда од вашето лице.
Ние го пробаввме новиот коректор Μatt Concealer Extra Coverage од козметичкиот бренд Seventeen и можеме за да ви гарантираме дека е еден од најдобрите кои можат да се најдат на нашиот пазар. Овој коректор одлично ги покрива недостатоците на секој тип на кожа, има прилично достапна цена, и што е најважно – останува на лицето многу долго време. Сите девојки кои го пробаа, а меѓу нив и познатите блогерки Александра од I’am Alekk Potter и Искра од Aesthetic Illustrated истакнаа дека овој течен мат коректор ги покрива подочниците подобро од другите така што ако тие се вашиот главен проблем ова би било одлично решение за вас. Оваа кремаста формула не само што ги корегира недостатоците и ги покрива темните дамки и подочниците, туку исто така ги израмнува ситните брчки и ја храни кожата со витамини, истовремено обезбедувајќи долготрајна максимална покриеност.
К А К О И З Г Л Е Д А / М И Р И С А
Прекрасен дизајн кој вклучува специјална четка со која многу лесно се нанесува на проблематичните делови на лицето..
К Л У Ч Н И С О С Т О Ј К И
Содржи зелен чај и екстракти од калинка кои помагаат да се намали појавата на темни кругови и подочници. Не содржи парабени, наменет е за сите видови на кожа, дерматолошки е тестиран и е достапен во пет различни нијанси од кои можете да ја изберете вашата.
види повеќе » |