Кафе муабет

Оваа жена повеќе од три години носи иста облека, и нема да верувате зошто го прави тоа!

Advertisement

 

Таа работи во маркетинг агенција и многу добро знае зошто го прави ова.

Advertisement

 

 

Advertisement

Па и не е лоша оваа комбинација, нели?

 

Матилда Кал веќе три години оди на работа од глава до пети облечена во исти парчиња. Станува збир за црно бела комбинација која ја носи постојано и поради која нејзините колеги мислеле дека е во некоја секта.

 

Матилда едно утро го имала проблемот со кој сите понекогаш се соочуваме. Таа се брзала за на состанок и поради класичната женска фрка „што да облечам“, на состанокот се појавила со блуза облечена наопаку.

 

Токму поради овој гаф во нејзината кариера решила да се ослободи од стресот и да избере една комбинација во која што ќе ужива секој ден. „Потполно бев избезумена, и тоа заради што? Тогаш одлучив големата непотребна паника што ја имав тоа утро да ми биде последна“ вели таа.

 

 

Oва сигурно го носи кога НЕ е на работа …

 

Матилда по ова ја најде својата совршена комбинација која нема намера да ја промени во брзо време.

 

„Кога ми дотраја маицата, отидов и си купив уште петнаесет такви. Сега знам што ќе носам во следниве 245 часа. На тој начин заштедив многу часови и сега оваа работна униформа ме потсетува – хеј, јас ја имам контролата“.

 

Инаку, познато е и дека основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, постојано носи иста маица и тоа го прави затоа што сака да го скрати времето кое се губи на непотребни работи. Покрај него и Стив Џобс го следеше ова едноставно правило, кој дури и предлагаше сите во Епл да носат иста облека, а својот аутфит го заокружи на фармерки и црна ролка.

 

Па, што мислите за ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button