Реклама
Наши ѕвезди

Три дена по операцијата Ивана Јо се расплака – „расцветано памукче“

Ивана во клинички центар во Истанбул направи операција составена од неколку интервенции - абдомино пластика и липосукција на стомак и подбрадок.

Реклама

На 20 јануари пејачката Ивана Јо се упати кон Истанбул велејќи дека е тоа ден кога животот ќе ѝ се смени.

Ивана во клинички центар во Истанбул направи операција составена од неколку интервенции – абдомино пластика и липосукција на стомак и подбрадок.

Ивана Јо веднаш по операцијата во Истанбул, фото Инстаграм принтскрин

Неколку дена по операцијата, Ивана повторно ги извести своите следбеници на Инстаграм како се чувствува. Завоите ѝ се отстранети, но трансформацијата не може сосема да се види зашто по операцијата нормално е да се има отоци.

Маркетинг

„Го проверивме подбрадокот, буквално се е под контрола. Нормално с е отечено на мене. Уште една недела го носам ластикот за притисок и потоа го редуцирам на 10 часа дневно“ – напиша таа и додаде:

„Првите резултати ги чекаме за неколу месеци. Јас се радувам на овие сегашните иако не се воопшто веродостојни… Сега се отекува. Се е изместено… и полека полека ќе се враќа во нормала. Течности и многу протеини не чекаат овој период“- заклучи Ивана во објавата.

Маркетинг
принтскрин Инстаграм

Сепак, пејачката останува полна со енергија и веќе почна да се шминка.

принтскрин инстаграм

„Расцветано памукче, но желбата за поубаво чувство е поголема од се. Ниту грижата за кожата не трпи овие денови“, се вели во нејзината следна „стори“-објава.

Само три дена по операцијата Ивана доби и раскошен букет цвеќе, со порака која шири љубов и поддршка.

Читајќи ја пораката, пејачката не можеше да ги сопре солзите, па се расплака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

Инаку, првата фаза од операцијата е успешно завршена, но следува втора фаза, за шест месеци.

„Најважно од сѐ е во целиот процес-отстранување на вишок кожа да се влезе со вистински и реални очекувања од своето тело. Предизвик ќе биде целиот процес- но знам дека со верба и добра мисла сѐ ќе помине“ – рече Ивана уште пред да легне „под нож“.

Потсетуваме, за Ивана Јо ова не е прва хируршка интервенција со цел подобрување на изгледот. Пред неколку години, таа направи операција на желудникот и буквално се преполови.

Веруваме дека 2025 година ќе ѝ го донесе новиот изглед каков што го посакува.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button