Култура[тор]

Традиционален концерт за Василица во МОБ

Најпознатите Вердиеви арии на целовечерен концерт на сцената на МОБ!

Традиционално, како и секоја година, така и оваа, 2012, Македонската опера и балет ќе одржи гала концерт по повод празникот Василица. 

Концертот „ВИВА ВЕРДИ“ ќе се одржи на 12 и 13 Јануари 2012 година со почеток во 20:00 часот на големата сцена на Македонската опера и балет. Програмата ќе ги содржи најпознатите Вердиеви оперски арии а ќе ги исполнат нашите првенци, истакнати солисти, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ. Покрај домашните уметници, ќе земат учество и гости од странство.

Ќе настапат гостите Даниела Дјакова (мецосопран од Бугарија), Адријана Јоција (сопран од Италија), Бурак Билџили (бас од САД),  и нашите истакнати солисти Борис Трајанов (баритон), Славица Петровска Галиќ (сопран), Весна Гиновска Илкова (сопран), Благица Поп Томова (сопран), Павлина Новакова Георгиев (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Ирена Кавкалевска (мецосопран).

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Алесандро Д’Агостини од Италија.

Оваа година ќе се изведат арии од едни од најпознатите Вердиеви опери: „Риголето“ „Травијата“ „Моќта на судбината“ „Аида“ „Трубадур“ „Дон Карло“ „Атила“ „Магбет“ „Лујза Милер“ „Набуко“ „Корсар“.

Концертот за Василица почнувајќи од 1995 година, традиционално, на љубителите на оперската уметност им нуди прекрасна можност да уживаат во изведбите на некои од највпечатливите арии од светски познатите оперски дела.

Време :

12 и 13 Јануари 2012 година, 20:00 часот.

Локација :

Македонска опера и балет

Цена :

Цената на картите зависи од местоположбата на седење:

VIP                             1200 денари

    Партер                        1000 денари

    Галерија                       800 денари

    {youtube}lUnwSPXRhKc{/youtube}

    Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
    За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

    Врати се на првата страна.

    Маркетинг

    Поврзано

    Back to top button