Рецепти

Топла салата

Ја чистиме, миеме, а потоа и ја вариме боранијата. Компирот прво го лупиме.

Сланината ја сечеме на парчиња и ја запржуваме на сосема малку масло, го додаваме ситно исечениот кромид и го пржиме додека не пожолти. Ги тргаме од огнот, додаваме оцет и оставаме да се олади.

Компирот го сечеме на тркалца. Пиперката ја чистиме од семето, па ја сечеме на резанки и ја мешаме со компирот. Ја додаваме и боранијата и сланината со кромидот и сето тоа го посолуваме и му додаваме црн пипер и потоа ја служиме додека е се уште топла.

 Потребни состојки:

½ килограм зелена боранија
½ килограм компир
2 зелени пиперки
350 грама сува сланина
1 главица кромид
2 лажички вински оцет
Масло
Црн пипер
Сол

Маркетинг

Поврзано

Back to top button