Реклама
Интервју

Места за шопинг во Скопје кои сите треба да ги знаете

Реклама

Александра Трпеска ни ги откри нејзините омилени шопинг адреси во Скопје!

Ако планирате да одите на шопинг во Скопје, а не сте од овој град, или едноставно страв ви е да не се изгубите во ова море преполно со тренди адреси кои со своите излози ве мамат на секој чекор, многу е полесно ако ги имате вистинските информации кои ќе ви помогнат да го пронајдете она што го барате. А има ли подобар начин да ги добиете инсајдерските информации и насоки за шопинг од советите на нашите познати модни блогерки? Секако дека нема. Од тие причини решивме да и се јавиме на Александра од „Majestic by Alex“ и со неа седнавме во едно од нејзините омилени места во градот, кафичот Излет, каде во опуштена и пријатна атмосфера поразговаравме за тоа кои се најдобрите места за шопинг во Скопје. Што ни пренесе оваа прекрасна девојка можете да дознаете во продолжение.

Маркетинг

Фото: Лоренцо Наумов »

Маркетинг

Кога сме на тема шопинг и мода, прво нешто што ми доаѓа на ум е дизајнерско парче. Можеби затоа прво место што ќе го спомнам денес е новата концептуална продавница, Wonderlust, кој лесно може да се пронајде, бидејќи се наоѓа на улица Македонија, и Public Room – кој претставува центар за дизајн и иновации.

Зошто баш овие места?

Можеби бидејќи сум љубител на бредновите што се изложени таму, како Јована Филиповиќ, Eвгенија Зафировска, LUDUS, итн., и воедно може да се напиеш чаша вино или кафе, додека се двоумиш кое парче би сакал да го купиш.

Момент од промоцијата на Bare Origin Skin во Public Room >>

Кои се твоите омилени брендови?

Majestic by Alex ретко купува облека од брендови кои секоја девојка и без да го види тоа на блогот, може да отиде во Bershka, Stradivarious, Pull&Bear и да го купи. Но, кога веќе од тие брендови би требало да издвојам некој, тоа секако би било Zara. Звучи клише, но за сите оние кои пратат трендови и сакаат да имаат ‘„слични парчиња‘‘ како Dior, D&G, a не можат тоа да си ги дозволат, купуваат облека од Zara.

Кога сме кај Zara, да напоменам, дека во тек е и нашата кампања со познатиот бренд C-THRU, наречена MAKE A STATEMENT, во која девојките преку употребување на #cthrumakeastatement и #cthrumakedonija на нивните stylish фотки на Фејсбук или Инстаграм, можат да бидат наградени со стајлинг од Zara во вредност од 8000 ден.

Исто така, сакам да напоменам дека добра алтернатива се и online продавниците, како Basetet Noir, а како љубител на streetstyle, тука би ги вметнала и Race Gore.

Фото: Лоренцо Наумов »

Кога доаѓа делот за козметика, мојот избор е Еликсир Ексклузив Парфимерии. Исто така, за сите љубители на природна козметика, топло им го препорачувам Bare Origin Skin.

# MAKE A STATEMENT

Во соработка со познатиот бренд C-THRU ве повикуваме да бидете дел од новата кампања MAKE A STATEMENT преку која ќе треба да го покажете вашиот уникатен моден стил и омилените трендови за оваа есен, а за тоа ќе добиете супер подароци. Се што треба да направите за да учествувате во конкурсот е да изберете ваша модна комбинација која ќе ве одвои од останатите и која најдобро го претставува вашиот стил, и истата да ја објавите на Инстаграм или Фејсбук користејќи ги хаштaговите #cthrumakeastatement  и #cthrumakedonija. Победничките ги очекуваат сјајни подароци – вредносен ваучер за шопинг во продавницата на Зара во вредност од 8000 денари (друштво во овој шопинг ќе ви прават Александра од „Majestic by Alex“ и дизајнерката Дани Ѓуровска), како и три пакетчиња од новата линија C-THRU Tender Love. Само не заборавајте дека вашиот профил на Инстаграм треба да биде јавно достапен (PUBLIC) како би можеле да ги видиме фотографиите што ќе ги објавите со дадените хаштагови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button