„Фризурата е важен дел од стилот и тоа не само на секоја жена, туку и на секој маж.“
Што се однесува до трендовите, секоја сезона има свои трендови, па доколку сте спремни за малку стилска декорација на вашата глава, погледнете ги следниве два предлози.
Rockabilly фризура
Елвис е крал на рок музиката, но е инспирација и за многу други трендови. Па така, деновиве, неговата високу дигната фризура, од напред кон темето, со големо количество на гел и уредно подстрижена од страните, е повторно ИН. Па доколку имате барем малку почит кон овој лик, побарајте го вашиот фризер и соопштете му ја вашата замисла. Верувајте, фризерот ќе биде пријатно изненаден!
Несредена фризура
Ова е еден од водечките трендови кога се работи за машка фризура. Како предводници на овој тренд се сметаат популарниот актер Robert Pattinson и најпопуларниот д-р на светот (види слика), кои се меѓу првите со разбушавен стајлинг. Но, верувајте оваа фризура не е ни малку лесна за носење како што тоа изгледа. Потребно е да се посоветувате со вашиот фризер, за да на крај не добиете стајлинг на некој занесен и мрднат научник!
—————————–
Запознајте се со правилата на Наградната игра „Бесплатно бојадисување на вашата косата со бои на природна база “ што Академијата & Фризерско студио Авангард ја доделува на една наша читателка!