Реклама
Култура[тор]

Топ 10 листа на летни-романтични филмови!

Реклама

Летото е период во кој имаме помалку обврски па сакаме да си погледнеме некое филмче кое ќе не опушти во жешките денови.

Маркетинг

Само за вас подготвивме листа на летнo – романтчни филмови кои ќе сакате да ги погледнете. Изборов со сигурност ќе им се допадне на девојките, но момци, не срамете се погледнете и вие некое романтично филмче убаво ќе ви дојде…

{simplepopup}

Маркетинг

{/simplepopup}

 1. The Notebook 

Би направиле огромна грешка ако оваа романтична листа не ја започнеме со The Notebook и веќе добро позната  приказна за љубовта на Ноа & Алие …  Сиромашен и страсен млад човек се вљубува во богата девојка. По страсното лето тие се одделени поради нивните социјални разлики…

{youtube}S3G3fILPQAU{/youtube}

 2. А walk to Remember! 

Прошетка за паметење е уште една не заборавна љубовна приказна! Приказна за двајца млади луѓе кои се премногу различни, но љубовта ќе ги спои во едно…

{youtube}V96uhfQ0x9A{/youtube}

 3. Dirty Dancing!  

Танцувањето е главниот фокус на овој филм! Млада девојка поминувајќи го летото во еден летен камп со своето семејство се вљубува во учителот по танц…

{youtube}HFK_i5r1WJk{/youtube}

 4. Fools Gold! 

Двајца поранешни сопружници – ловци на богатство влегуваат во нова авантура барајќи скриено богаството во близна на Key West. Но, освен богатство ќе откријат и нешто друго…

{youtube}2IInvMZcE-Y{/youtube}

 5.When in Rome! 

Младата амбициозна њујорчанка Бет ги поседува сите квалитети за да има убав сопруг крај себе, но некако нема среќа во љубовта. Кога доаѓа во Рим за свадбата на нејзината сестра, таа ќе украде неколку парички од фонтаната на љубовта, и и се случува магија. Опсипана е со љубов од повеќе додворувачи со кои едвај успева да се справи.
 

{youtube}gsb8U014Hs0{/youtube}

 6.Life as We Know It!   

Холи и Ерик се наместени на состанок на слепо од страна на нивните најдобри пријатели, брачната двојка Питер и Алисон. Состанокот завршува уште пред да започне бидејќи тие не можат да се поднесат. Среќната брачна двојка несреќно погинува во сообраќајна несреќа, а грижата за нивното бебенце Софи им е доделена на нивните најдобри пријатели. Тие сега мораат да научат да живеат еден со друг заради бебето.

{youtube}mqzjDrrZIdE{/youtube}

 7. Letters to Juliet! 

Млада американка оди на патување во Италија со нејзиниот свршеник, каде наидува на ѕидот излепен со писма упатени до Џулиета. Случајно отвора едно,  кое се труди да го упати до Џулиета, но наместо неа ги наоѓа нејзините секретарки кои одговараат на љубовните писма во нејзино име. Одговорот на ова писмо го менува животот на некогаш заљубената двојка, но и нејзиниот.

{youtube}4AmB8spntgg{/youtube}

 8. (500) Days of Summer! 

Ова е оригинална романтична комедија за една жена која не верува во вистинска љубов и млад човек кој се вљубува во неа…

{youtube}PsD0NpFSADM{/youtube}

 9. The Ugly Truth! 

Фокусирана на кариерата како продуцент на утринска емисија, Аби мечтае дека принцот на бел коњ постои и дека еден ден ќе го најде. Мајк пак, е водител на интерактивно шоу во кое зборува за мажите и жените, кои изгледа перфектно добро ги разбира. Рејтингот на емисијата на Аби оди надолу, па затоа е повикан Мајк да и даде малку шмек и нов дух. Иако на почетокот таа не го поднесува, потоа ги прифаќа неговите совети со цел да го освои нејзиниот сосед, кој изгледа како да е она што таа целиот живот го чекала.

{youtube}8-wMe9vxkWI{/youtube}

 10. Eat, Pray, Love! 

Мажена жена сфаќа колку е  несреќен нејзиниот брак  и дека нејзиниот живот треба да оди во друга насока. По болниот развод, тргнува по патување за да се пронајде самата себеси.

{youtube}crNaJjfY57g{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button