Тони Зен објасни – „спонзорушите знаат да намирисаат длабок џеб!“
Тони Зен не штедеше зборови.

Во новата епизода на „Нешто конкретно“ темата беше поставување граници, ама разговорот отиде многу подлабоко – во љубов, пријателства, музика, па дури и семејства.
Пејачаката Марија Луиза сподели:
„Моите ми донесоа иселеник од Австралија да ме мажат“ – какви граници се поставуваат кога некој друг ги носи одлуките за твојот живот?
„Јас дојдов во емисија да бидам убава, не паметна“ – додаде Марија што во епизодата звучеше саркастично, но сепак болно точно за тоа како општеството ги гледа жените.
А кога водителката Снеже беше директна, како се излегува на крај со „терсене“ луѓе, Марија не остана должна:
„Ова е вреѓање од страна на водителката.“

Тони Зен пак, не штедеше зборови: „Спонзорушите знаат да намирисаат длабок џеб“, „Ако ме бараш за настап, а претходно си ме плукал – нема пара за која би дошол!“, „Пријателствата од интерес се нормална појава – ако сме свесни за тоа.“
Значи – граници, но со јасна свест.
А Мартин Трпчевски изненади со две реченици:
„Спонзоруши се лепат на тој што така зрачи, ако сакаш друг тип на девојки смени го местото на излегување“.
А на тема пријателства реченешто што некој ќе го разбере, а некој нема:
„Ако другар со кој сум скаран ме викне после 10 години да дојдам – доаѓам. Без размислување.“
Потоа дојде моментот кога се зборуваше за најчувствителното – семејството. Што правиме со границите во семејството? – праша водителката.
Коучот Елена Антоновска сподели искрено: „Размислував – што ако синот ми донесе снаа од ‘лоша фамилија’? Ќе си ќутам.“
А прашањето што остана да виси беше: Како да не се скараш со тој што ти е крв, кога ќе ти ја помине границата?