Реклама
MAMAКафе муабет

Ти си важна личност на овој свет – не дозволувај другите луѓе да те убедат во спротивното

Реклама

Ти си важна – запамети го тоа. Твоите мислења се важни. Важен е начинот на кој го гледаш светот, важни се и зборовите кои ги држиш за себе, затоа што премногу се плашиш што ќе мислат другите луѓе.

Важен е твојот глас, важни се твоите чувства. Не се претерани, ниту нереални, луди и наивни. Тие се ти. Важни се твоите мисли и гласовите во твојата глава. Малите луди работи кои ти поминуваат низ глава пред спиење. Важни се работите за кои размислуваш во тајност, затоа што ти е незгодно да ги кажеш некому. Важни се твојот ум и твоето срце. Важно е тоа што си полна со страст, без оглед на тоа што мисли твоето друштво или твоите пријатели. Твојата страст е твој повик, а твојот повик е важен, без разлика за што се работи.

Маркетинг

Важен е патот којшто го избра. Тргни кон својата цел и вози на начин на кој уживаш, па слободно исфрли ги сите непосакувани патници. Битна е твојата улица и твојата насока. Важни се и твоите проблеми, препреките кои се соочуваш ја градат твојата сила. Сите исплакани солзи ќе ги исперат сите негативности. Важни се твоите солзи, важна е твојата среќа. Важни се деталите и едноставните работи поради кои се смееш. Важни се моментите кои ти го одземаат здивот. Важно е твоето постоење затоа што тоа не е случајно овде. Ти си овде за да оставиш трага. Важна си сега и секогаш ќе бидеш. Можеби го заборави тоа затоа што си окружена со погрешни луѓе, но ти си доволна и сѐ додека го знаеш тоа – ништо друго не е важно!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button