Реклама
Култура[тор]

The Wrestler

Реклама

Режија:Darren Aronofsky
Улоги:Mickey Roorke,Marisa Tomei

Откако дебитираше на големото платно со “Pi”, извонредно оригиналниот и по идеја и по концепција филм, D.Aronofsky нареди неколку просечни остварувања во кои бираше контроверзни теми за мотив на истите, како замена за немањето нова уникатна идеја да продолжи таму каде што застана со “Pi”. После екранизацијата на “Reqiem For A Dream”(од книгата на Hubert Selbey Junior), проба да се врати со посуптилниот и длабок “Fontane”, но сепак крајниот резултат не ги задоволи во целост исфилтрираните вкусови на филмските синеасти кои тоа го очекуваа од него.

Маркетинг

Последниов филм “Wrestler”, биографија на пропаднатиот кечер Randy-Ram, е уште еден сличен обид кој се надоврзува на претходните, гореспоменати. Иако можеби животните сториии и не нудат некоја екстра можнност за експериментирање или луцидна манипулација со карактерите, сепак преголемата линеарност која доминира од почетокот до крајот, остава впечаток дека можело да се направи, уфрли нешто поразлично што би му дало поинаков пулс на моменти. (Потсетете се како само тоа го прави Scorsese со “Good Fellas”). Недостатокот од вистински емоционални сцени, кои се неодминливи во ваквите стории, ги надополнува самиот Mickey Roorke со одличната креација на ликот кој го глуми.

Маркетинг

Инаку приказната на филмот за некогаш славниот кечер “Randy – Ram” кој после 20 години од зенитот на неговата кариера, која не се развива во посакуваниот  и очекуван правец, се уште е активен делник, но при самото дно од популарниот американски шоу – спорт. Преживува и се бори од ден за ден со суровоста на животот, пред се и затоа што ништо друго и не му останало. Тој е веќе стар, сам, без пари или сигурен дом и работа и тоа се главните причини што секој викенд пофторно оди во ринговите, сега лоцирани по разни локални истрошени сали. Емоционалната празнина се обидува да ја надополни со започнување на некаква врска со една локална стриптизета (Marisa Tomei) но и таму доживува неуспех. На тоа се надополнува и пропаднатиот обид за заживување на неговиот однос со ќерка му, со која има изгубено контакт со години. Така да и покрај здравствените проблеми што ги добива, нема друг избор освен да се врати во рингот, бидејќи покрај единствениот начин за егзистенција, тоа е местото на кое сепак на моменти добива сатисфакција од самиот себе, па колку таа и да е мала и незабележлива за останатите.

Mickey Roorke e kако предодреден за оваа улога на човек што го загубил некогашниот сјај, но сепак и ваков каков што е мора да продолжи да живее. Неговите, на моменти заборавени глумечки особини, пофторно се вратија со целиот сјај и не потсетија дека е еден од најдобрите американски актери на својата генерација. Самиот карактер на улогата, но и неговиот перформанс, потсекаат на неговата изведба во “Homeboy”, една од редицата вонредни остварувања од старите денови. Така да, можеби тоа е и најголема придобивка за филмскиот свет од ова дело на Aronofsky.

Филмот е добитник на Златен Лав за најдобар филм во Венеција 2008 и самото тоа е сигурна препорака за гледање, но сепак не би рекол заслужена и според она што го прикажува и во споредба со другите филмови кои беа во конкуренција во истата селекција. Би било подобро Златниот Лав да отидел во рацете на Mickey Roorke, пред се како потврда дека и тоа како, се уште го има она за кое многумина мислеа дека исчезнало.

{youtube}61-GFxjTyV0{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button