Тетовчанецот ѕвезда на уличната мода во Виена – раскошна бунда што привлече камери
Модна комбинација која само малкумина знаат да ја носат.
Модниот дизајнер Златко Јовановски, познат под етикетата ЈЗЈ, деновиве се прошета низ Виена и, претпоставувате веќе, привлече внимание.
Младиот дизајнер кој има само 28 години и веќе подолга листа на обожаватели меѓу кои и бројни познати личности, овојпат покажа како се носи „уличната мода“.
Резултатот? Не само привлекување на погледи, туку и прашања, па изјави… Всушност, Златко навистина од се знае да направи драматична модна сцена.
„Во Виена ме застанаа на улица, давав интервју за мојот стил“ – се пофали дизајнерот на социјалните мрежи.
Раскошната бунда е искомбинирана со црни лежерни патики, а изгледот е заокружен со кожени ракавици, чантичка со сличен дезен на бундата и трендовски очила за сонце.
Модна комбинација која само малкумина знаат да ја носат.