Реклама
MAMAКафе муабет

Те молам не раскажувај ми приказни за тоа колку ти значам, ако ти значев…

Реклама

Те молам, не раскажувај ми приказни за тоа колку сум важна во твојот живот. Не ми се потребни твоите празни зборови кои со денови одекнуваа во мојата глава. Но, повеќе не го дозволувам тоа.

ФОТО: pexels.com

Не раскажувај ми приказни за тоа дека ме сакаш онаква каква што сум, зашто во ниту еден миг не ми го докажа тоа. Постојано ги бараше моите грешки и моите несовршености. Во мене ги гледаше само моите дупки, без притоа да бидеш подготвен да ги погледнеш моите искрени чувства.

Те молам не раскажувај ми за тоа колку те боли што си заминувам. Ако ти значев, ќе се трудеше да ја примиш мојата љубов. Ако ти значев, ќе се обидеше да ми ги разбереш солзите. Ако ти значев, немаше да се најдеме на оваа раскрсница.

Маркетинг

Сега заминуваме, секој по својот пат. Те молам не раскажувај ми дека те болат спомените. Знам, те боли тоа што повеќе не ќе имаш некој да ти биде рамо за плачење. Ќе нема кој да ти ги лечи раните и да се труди да те направи подобар човек.

Јас го вложив мојот труд, но за возврат добив само една животна лекција: Ако некому си му важна, тоа ќе го почувствуваш длабоко во твоето срце!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button