TAЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски музичар – замина прерано

На социјалните мрежи осамна веста за заминувањето на уште еден македонски рок музичар и пејач, Петар Исиров Пјотр. Сите го познаваа под прекарот Перо Кокер, зашто славниот Џо Кокер беше неговиот идол, а неговата музика беше постојано дел од неговите настапи.
Пјотр настапуваше повеќе од три децении по ноќните клубови и кафулињата со различни музичари, а имаше издадено и неколку авторски песни.
Минатата година (2024) во рамките на одбележувањето на 5 години од постоењето на „Котон блуз фестивал“ во скопскиот клуб „Маракана“, Пјотр и деветчлениот бенд на бината составен од искусни музичари, ја славеше музиката на Џо Кокер. Оние кои биле велеа дека лесно можел да помине како концерт на вистинскиот Кокер.
Утринава (08.08.2025), по веста за неговата смрт, познатите македонски музичари и пејачи се простуваат на социјалните мрежи со својот колега, другар и пријател Пјотр.
– Пјотр Исиров – бунтовник , хипик , рокер , „Кокер“ , Џокер , ноќна птица, и ловец и плен – во блузот на градот заглавен, тлее и живее за секоја секунда да пее, за сите другар – за себе си без никаков ќар …. Почивај во мир друже , светол ти патот кон небото. Сочувство до Нина и Павел!“ – сподели Петар Ренџов на својот профил на Фејсбук.