Реклама
Uncategorized

TAЖНА ВЕСТ – почина поранешен пратеник и министер

Реклама

Синоќа почина активистот и политичар од Струга, Тахир Хани. Веста ја соопштија семејството и пријателите на починатиот.

Тахир Хани е роден на 15 декември 1961 година во струшкото село Велешти. За време на студиите на Универзитетот во Приштина во 1981 година, тој беше клучен член на Националното движење, како дел од демонстрациите во тој период.

Потоа заедно со пријателите бил уапсен од УДБ-а одлежувајќи повеќегодишна затворска казна. Беше истакнат активист на Движењето.

Маркетинг

Хани потоа дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Маркетинг

Од 2001 до 2005 година бил градоначалник на општина Велешта. Во периодот 2006-2011 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2011 до 2013 година беше заменик министер за транспорт и врски.

Во 2013 година стана министер за локална самоуправа. Потоа продолжи со други активности во политиката, а на крајот беше заменик секретар на Владата на РСМ.

Неодамна боледуваше од неизлечива болест.

Со длабока тага ве известуваме дека денес по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани.

Погребот на починатите ќе се одржи на 08.11.2024 во 15:00 часот во село Велешти напишаа од ДУИ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button