Реклама
MAMAКафе муабет

Татко – пример кој секоја девојка го следи во текот на својот живот

Реклама

Велат дека вистинската љубов на една девојка е нејзиниот татко…

ФОТО: bbc.com

За татковците се вели дека ќе бидат пример кој секоја девојка ќе го бара во текот на својот живот и токму тој може да ја вивне во висина или да ѝ ги исече крилјата.За да оставите добар пример кај вашите деца, доволно е да ги следите некои од овие основни правила.

Извршувајте ги домашните обврски

Исчистете ја куќата, спростете ги алиштата, променете ја пелената на вашето дете, направете вечера за целото семејство. Во повеќето домови жената е онаа која се занимава со домашните обврски, а повеќето од нив одат и на работа, за разлика од мажите кои најчесто само се посветуваат на професионалните обврски. Вистина е дека заработуваат повеќе пари и честопати остануваат и прекувремено, но одговорностите во куќата мора да се поделат помеѓу партнерите. Ова е многу важно за децата, а особено за девојчињата. Ако не сакате еден ден вашата ќерка да биде под стрес, нервозна или да ѝ биде нормално цел терет од куќните работи да биде на нејзин грб, најдобро е да се однесувате како рамноправен член во домот.

Маркетинг

Бидете она што сте, не се преправајте

Однесувајте се како пример и не плашете се да ја изразите својата самодоверба и гордност. Не е срам да бидете поинакви од своите пријатели и да ги охрабрувате другите да се однесуваат правилно. Покажете ѝ на вашата ќерка дека е прекрасна и сакајте ја таква каква што е. Почитувајте ги најзините лични избори, без оглед на тоа дали ви се допаѓаат или не. Ако самите се однесувате на таков начин, вашата ќерка ќе има храброст и сила во својот живот да ги прати своите соништа. СЛедете го она што навистина го сакате во животот и бидете горди што вашата ќерка има пример кој треба да го следи.

Третирајте ја со почит мајката на своите деца 

Ова би требало да биде лесно ако сте во брак со жената на своите деца, и многу тешко ако сте разделени. Во вториот случај, постои веројатност за манипулирање, поттикнување негативни чувства, па дури и омраза кон родителот кој недостига. Меѓутоа, ако кон мајката на вашите деца постапувате со непочитување или презир, во вашата ќерка ќе всадите верување дека тој став е прифатлив и ќе сфати дека е нормално после одредено време нејзиниот партнер да се однесува на ист начин.

Маркетинг

Кажете ѝ на вашата ќерка дека е убава, но и умна и забавна

Многу татковци се плашат на своите ќерки да им дадат комплименти, посебно што се однесува до нејзините физички квалитети, поради страв детето да не се насочи само на изгледот како најважен квалитет. Нажалост, надвор од домот, девојките честопати се на мета токму поради изгледот, а не поради другите квалитети кои ги поседуваат. Токму тука важна улога игра таткото, кој со своите комплименти би требало да ѝ помогне да сфати дека убавината е од значење, но и дека не е ограничена само на надворешниот, физички изглед.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button