Реклама
Култура[тор]

Таксират 2011 – водич низ вечерта

Реклама

Преглед на бендовите и артистите кои ќе го одбележат овa издание на најголемиот фестивал во Македонија од ваков тип.

Овогодинешното издание на Таксират 2011, навистина може да се пофали со програма која ќе претстави врвни музичари, кои само ќе потврдат големата вредност на фестивалот. Разновидноста на музичките стилови и различните профили на музичари, како и и со години наназад, ќе ги задоволат вкусовите на сите оние глaдни за квалитетна музика.

Маркетинг

Едно од пријатните изненадувања најверојатно се Atari Teenage Riot, германскиот бенд најактуелен во деведесетите, кој навистина ќе биде ретка (а можеби и единствена) прилика да се слушнат во живо, овде во Скопје. Познати по својот елктронски звук, пропратен со Пунк вокали и текстови од политичка природа, кои испраќаат високополитизирани лирики со анархистички, антинаци зборови. Сите кои ги познваaт очекуваат навистина импресивен настап на оваа култна група.

Понудата на познати имиња од европската сцена продолжува со легендарниот шведски бенд Clawfinger, кои се едни од првите бендови кои ги споија хип хоп рецитирањето со тешкиот металски рок звук. Нивната агресивна музика е на менито на сите љубители на hard core звукот, па така веруваме дека ќе имаат вистински добар настап.

Маркетинг

Hip Hop артистите станаа веќе традиција на Таксират, а после Onyx од претходната година, оваа година доаѓаат уште двајца великани на рап музиката. Тоа се B-Real од Cypress Hill, и извонредниот Fat Joe, кој за секој љубител на хип хопот е многу моќно име. Човек кој уште во деведесетите се има позиционирано на андергроунд сцената со својот одличен звук, а додека за B-Real не треба многу да се говори. Едниот од тројцата членови на легендарните Cypress Hill, кој би требало сите да не „рокне“ и подигне на едно друго ниво на доживување на рап изведбата.

Шмек на вечерта ќе и дадат Asian Dub Fondation, британскиот електронски бенд кој прави голема мешавина на rapcore, dub, drum and bass, користејќи рок инструменти и секако свирејќи го сето тоа во живо. Ако некогаш сте ги слушнале овие типови, веднаш ве има освоено нивниот мек и нежен звук, комбиниран со енергични ритмови и исти таков вокал. Навистина би требало да биде интересно.

alt

Други музичари кои ќе се појават на ова издание на Таксират се и Kaiser Chiefs, The Pricks, Buraka Som Sistem, одомаќинетите SARS, Dubioza Kolektiv, кои ќе ја пополнат програмата на бендови од соседството, како и домашните Т.Б. Трачери, Шутка Рома Рап и секако бендот кој што ќе победи на првата – македонска натпреварувачка вечер. Се на сé очекуваме уште едно одлично издание на фестивалот кој веќе неколку години стана македонскиот трејд марк за ваков вид на настани. Посакуваме да ве видиме таму во што поголем број, а после тоа и заедно да продискутираме што и како поминало и дали нашите очекувања биле исполнети.   

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button