Вирално

И додека ние се гушиме во смог, и се расправаме кој прв почна, овие во Тирана ќе се возат со такси на струја и електрични автобуси!

Advertisement

Нема воздух, нема мир!

Advertisement

Едни ќе кажат, па имавте повеќе под 10 години да воведете електрични такси компании и да направите нешто за овој град, овие другиве пак – еве поминаа 100 дена и ништо не направивте со загадениот воздух. И така се недоглед. А што фајде од нивните препукувања?! Ништо. Можеби два три гласа повеќе на едната или на другата страна. Ние на крајот и ова зимо ќе се гушиме во загадениот воздух, нашиот град ќе продолжи да биде еден од најзагадените во целиот свет, и секое второ дете ќе мора да се лекува од респираторни болести кои најчесто се директна последица од загадениот воздух.

А што се случува во Тирана?! Во главниот град на Албанија на Денот без автомобили општината за првпат воведе електрични такси возила. Градоначалникот Ерион Вељиај апелираше до граѓаните приоритет да им биде користењето на такси возилата кои се на струја, бидејќи така ќе се намали загадувањето на воздухот во албанската престолнина.

Advertisement

„Имаме 800 лиценцирани такси возила кои што произведуваат 3.200 тони јаглерон диоксид. Има 200.000 возила во Тирана, плус 60.000 влегуваат во градот секој ден од други области“, изјави градоначалникот. Тој меѓу другото го додаде и тоа дека од следниот месец ќе почне и тестирањето на електрични автобуси и им порача на приватните автобуски компании дека нивна конкуренција во иднина ќе бидат и локалните власти. „Имаме договор со превозниците. Во моментот кога општината ќе има алтернатива со електричните возила, ќе им ги одземеме лиценците на превозниците кои што користат дизел. Затоа и тие мораат да купат електрични автобуси пред да им ги земеме корисниците. Следниот месец ќе почнеме да тестираме електрични автобуси“, вели Ерион Вељиај, градоначалникот на Тирана.

А ние? Што и кого чекаме? Годо? Е мои сограѓани, до каде стигнавме …

Робин Худ Џуниор 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button