ТАЈНИТЕ НА РУСКАТА МАГИЈА: Користете предмети од дома со кои ќе се остварат вашите желби!
Тркало што се врти (коловрат)
Еден од најпознатите симболи е тркалото што се врти.
Индоевропските народи, меѓу кои се и Словените, придавале големо значење на овој облик на впишан крст. Свастиката, во словенскиот свет позната како „коловрат“ (тркало што се врти), претставува свет симбол од големо значење за словенската култура. „Коловратот“ ја симболизира бесконечноста и цикличноста на историјата и вечната борба помеѓу доброто и злото. Тркалото е и симбол на сонцето, кое ни дава топлина и живот. И други народи го користеле: Римјани, Германци, Келти, Индијци, Иранци… И за сите нив овој симбол бил свет.
За жал, поради Втората светска војна и апетитите на Германија, свастикатата (кукастиот крст) стана симбол на нацистичките злодела. Меѓутоа, словенската верзија на тркалото што се врти не потпаѓа под законска забрана, бидејќи претставува важен религиозен симбол. Сепак, и покрај оваа „правна толеранција“, симболот веројатно засекогаш е оцрнет од злосторствата на нацистичка Германија, така што секој кој би го ставил околу вратот најверојатно би бил обвинет дека е нео-нацист, фашист и слично.
Премини на следната страна >>