Познатата британска дизајнерка и мајка на четири деца своето убаво тело го должи на напорно вежбање и посебен режим на исхрана.
Викторија знае дека за убавина потребно е да се жртвува, па затоа не и е тешко да стане рано наутро за да остане во форма. Таа пред девет часот покрај обврските околу децата и пред да замине во канцеларијата, успева да направи и две рунди со вежби за тело во теретана.
Викторија која наскоро планира да лансира и своја козметичка линија, за странските медиуми откри како изгледа едно нејзино утро: „Секој ден станувам во шест часот наутро и пред да се разбудат децата вежбам еден час во теретана. Кога ќе се разбудат појадуваме и потоа заедно со Дејвид ги носиме на училиште.“ Потоа Викторија, пред да тргне на работа, вежба уште еден час во теретана
„Таму го пронаоѓам својот мир. Никој не влегува ниту ми доаѓа со лаптоп“ вели со насмевка дизајнерката и додава дека ако само малку подолго време остане дома постојано има чувство дека некој ќе дојде и ќе и пречи во настојувањето да помине квалитетно време сама со себе.