Реклама
Нега и здравје

Тајната за совршениот изглед на една од најубавите холивудски девојки

Реклама

Познатата актерка Гвинет Палтроу (40) изјави дека животот и се променил за 360 степени откако почнала да вежба со Трејси Андерсон.

Маркетинг

Според Гвинет, за да бидете во добра форма неопходно е постојано да вежбате, редовно да се детофикцирате, но и како награда за сработеното одвреме-навреме да се почестите со некое мало задоволство(!).

Гвинет е убедена дека луѓето треба да прават годишна детоксикација, но треба да внимаваат на штетните последици од течните диети.  Исто така, убаво е преку викендот да се почестите со цигаре (!) и чаша вино.

Таа е во најстрога диета и поради ригорозниот режим и редовното вежбање, таа нема ни грам целулит на себе. Таа е голем фан на инструкторката Трејси Андерсон, која досега има работено и со други познати ѕвезди, а меѓу нив најпознати се Мадона и Шекира. Тие заедно имаат продуцирано четири ДВД-а за вежбање, а секој од нив има тираж поголем 20.000 копии само во Британија.

Маркетинг

„Кога почнав да работам со Трејси, навистина ми беше тешко да ја пронајдам мојата вистинска мотивација. Таа ме советуваше дека на вежбањето треба да гледам како на автоматска рутина, која не треба да се разликува од мииење заби и со тоа да ја спречам растроеноста. Сега вежбањето е дел од мојот живот“ – изјави Гвинет.

Детоксикацијата е многу важна!

Прекрасната Гвинет вежба од понеделник до петок, од 10 часот наутро и постојано се придржува до тој режим. Според неа, сите треба да се движиме почесто, како би добиле телесна маса и би го забрзале метаболизмот. Кога е во прашање исхраната, Гвинет, која веќе долго време е на макробиотска диета, вели дека планирање на детоксикацијата е многу важно.

Откако две години постојано била зафатена и работела, Гвинет почувствувала голем замор, а кога паднала во несвест, отишла на доктор кој што и кажал дека е анемична и дека нивото на стрес и е превосоко.

Тогаш докторот и забранил да пие кафе, алкохол, шеќер, јајца, брашно, месо и обработена храна, за нејзиниот организам да се прочисти, а телото да се опорави. Гвинет вели дека таквата промена и недостасувала во животот и сега им ја препорачува на сите!

Малите гревови на Гвинет

И покрај тоа што актерката е убедена дека храната е клуч на здравиот живот и добриот изглед, таа признава дека е многу важно од време-навреме да се заводолат некои хедонистички потреби.

„Често навечер ќе испијам по една чашка црно вино, а во сабота обично ќе испушам цигаре. Ги сакам овие моменти бидејќи во нив за мене е вистинската количина на „палавост“. Баланост кој што го постигнувам ме прави поведра, бидејќи животот не е исполнет кога се откажувате од се“, вели Гвинет Палтроу.

Поврзано

Back to top button