Диети

Тајната за добар изглед на Џенифер Анистон

Реклама
Реклама

Џенифер Анистон и во 45 – тата година од животот се уште има едно од најсовршените тела во Холивуд…

Маркетинг

Совршеното тело на Џенифер Анистон се должи на јогата

Но, пред 22 години, пред да стане омилено лице од малите екрани, актерката не била толку ’оптеретена‘ со тежината и изгледот.

Популарната актерка во едно неодамнешно интервју призна дека порано била поприлично дебела. „Бев потешка и позаоблена“, рече Анистон коментирајќи го својот изглед на промоцијата на книгата на нејзината инструкторка по јога Менди Ингбер, насловена „Јогалософија“.

Маркетинг

„Бевме заоблени, многу јадевме. Потоа, на некој начин пораснавме и добивме работа“, рече Џенифер за магазинот „People“.

Во меѓувреме нејзината инструкторка Менди Ингбер изјави дека е горда затоа што лично гледала како телото на Џенифер полека се трансформирало и ја добило денешната совршена форма.

„Тешко е да се каже дали е тоа од јогата или со текот на годините стануваме она што сме, но ја гледав како станува силна, цврста и задоволна од самата себе“, вели Менди.

Џенифер пак сите заслуги за своето тело ги препишува на долгогодишната пријателка Менди и јогата.

„Нозете од секогаш ми беа слаба точка. За нив дефинитивно морам да бидам благодарна на јогата“, вели актерката која веќе со години вежба јога.

„Јогата ми ги зајакна мускулите и ми даде чувство на спокој и мир. Го подобрува дишењето и ми воспоставува рамнотежа. Обично вежбам јога после 40 минутно вежбање на кардиовежби – планинарење, трчање или теретана.“, вели Џен.

Меѓутоа, иако е на посебен режим на исхрана и строги вежби, од време на време си дозволува да се почести.

„Што се однесува до храната, најчесто на менито имам мексиканска храна или италијански тестенини, но секогаш во умерени количини.“, вели актерката.

Поврзано

Back to top button