Диети

Со свежи голтки до витка линија

Реклама
Реклама

Студениот пијалак секогаш убаво ни доаѓа за освежување, но некои од нив се вистински калориски бомби, па доколку сакаме да одржиме линија, тие ни се непријатели!

Маркетинг

Но, секако дека не се сите пијалаци проблематични за нашите килограми. Еве една листа во која ги издвојивме оние што ќе ви помогнат да ја одржите линијата, но и оние од кои треба да се држите понастрана.

Сок

Благите овошни сокови и лимунадата содржат околу 10 % шеќер, што значи 100 грама и 400-500 kcal по литар.

Маркетинг

Соковите што содржат шеќер имаат многу калории, па претставуваат вистински мал оброк. Доколку не сакате да внесувате дополнителни калории, треба да ги избегнувате. Купувајте само сокови без шеќер!

Вода

Доколку сакате да ослабите, водата ќе ви помогне во тоа, бидејќи е неопходна за да ги исфрлите мастите од вашиот организам. Преку џигерот и бубрегот се елиминираат штетните материи, но без вода овие процеси се одвиваат многу поспоро. Водата не содржи калории, а е богата со минерали. Ги обновува ќелиите и ја враќа еластичноста на кожата. Луѓето со вишок килограми треба да пијат повеќе вода. Таа е најдобар диетски пијалак, може да се пие во неограничени количини.

Чај

Растителните и овошните чаеви ја гасат жедта, и скоро да не содржат калории (еден филџан со чај има 1 kcal) и воглавно имаат позитивно дејство. Зелениот и црниот чај допринесуваат за исфрлање на течностите од организмот, додека растителните чаеви се погодни и за слабеење и претставуваат алтернатива на водата.

Кафе

Кафето не содржи масти и има многу малку калории (1 филџан има 3 kcal). Кофеинот постигнува метаболизам, но наместо да го снабдува организмот со течности, тој допринесува таа да се елиминира од организмот. Затоа кафето не е диетален пијалак. Со кафето секогаш испијте и една чашка со вода!

Млеко

Млекото со мал процент на масти (1.5%) има скоро половина помалку калории од мрсното млеко (3.6%) и исто толку минерални материи (на пр. калциум). Млечните масти лесно се варат, а млечниот шеќер ја појачува црвената флора. Млекото не може да ја изгасне жедта, но е богато со важни хранливи материи.

Вкусни пијалаци за слабеење

Сок од цвекло
Го отсртанува вишокот течности во организмот. Ја поттикнува работата на желудникот и црвената флора.
Исецкајте ситно 6 листови од зелена салата, една брокула, 1 цвекло, ½ корен коморача. Исцедите го сето ова  и испијте го веднаш.

Сок од краставици
Го поттикнува варењет, ја појачува крвта
1 корен коморача. ½ краставец, 2,3 моркови. Исцедите и пијалокот е готов!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button