И во седмата деценија од животот познатата актерка вредно ги руши наметнатите стереотипи поврзани со облекувањето во склад со годините
Сузан Сарандон која во моментов се наоѓа во својот омилен Њујорк ги воодушеви колешките Никол Кидман и Сара Паулсон ненајавено појавувајќи се на сетот за снимање на драмата „The Goldfinch“.
Таа за оваа пригода го привлече вниманието со нејзината интересна пролетна комбинација со фокусот на рокерската јакна покриена со цветен везен дезен, а која ја носеше со црни панталони со широк крој и каубојски чизми.
https://www.instagram.com/p/BgQdDQhDwVn/?utm_source=ig_embed
Тоа дека оваа јакна и е омилена покажа и со тоа што се појави во неа и вечерта, на свечената премиера на документарниот филм за американскиот писател Артур Милер.