Со ова јадење послужете кисело млеко или јогурт
Ви го претставуваме рецептот кој го збудали интернетот – преку 50 милиони луѓе го гледаа досега, а 500 илјади ги имаат шернато на Фејсбук. Се што ви е потребно за овој рецепт е меко варени јајца, неколку листови шунка, печеница или вашиот омилен сувомесен производ, леб и кашкавал. Најпрво ги варете јајцата 5 минути, но на врвот направете мало дупче за да добиете вистинска текстура. Исечете го кашкавалот на парчиња, а со парчињата леб исечете ги рабовите така да остане само средината во облик на коцка.
Потоа лебот растргнете го со сукало, ставете лист-две шунка, во зависност од големината, парче кашкавал, завиткајте и попржете малку на масло додека ленот не добие убава златна боја. Откако јајцата ќе се сварат ставете ги во сад со мраз на 30 секунди, па тргнете половина од лушпите и балкета, така што ќе ја откриете жолчката која се уште е во течна состојба и ќе добиете совршен прилог за вашите печени стапчиња.
Послужете со кисело млеко или јогурт и ќе добиете полн погодок.