Како да ја подигнете енергијата кога сте на плажа
Многумина пред да заминат на долго очекуваниот годишен одмор своето тело ќе го доведат во совршена форма, па кога ќе дојде време за плажа не сакаат да ги вратат килограмите од кои одвај се збогуваа. Но тогаш најмногу подлегнуваме на искушенија кои даваат мнооогу калории. Па така не ретко ни се случува вишокот време или едноставно моментите додека уживаме на плажа да ги искористиме за да грицнеме по нешто. Но дали можеме тоа да го направиме без мнооогу калории и без преголема грижа на совеста?
Еве неколку совети за здрава храна која можеме да ја консумираме додека кулираме под сонцето и која треба да ја имаме при рака кога ќе ни притреба.
Моркови
Од секогаш сум се прашувала кога во маркетите наместо бонбони, чоколада и мастики, покрај касите ќе почнат да продаваат пакувани моркови?! Онака завиткани во некое пакување, по еден во пакетче, свежи, спремни за грицкање. Но ако ова е тема за некој научно фантастичен роман, носењето моркови на плажа е сосема нормална работа. Сигурно се прашувате зошто и од каде пак сега ова заборавајќи на ефектот „две во едно“ што го добивате со нив!
Прво вашата кожа ќе ви биде благодарна бидејќи добива посебен сјај – општо познато е дека бетакаротенот помага при добивање на инсончан тен. Со нив бојата на кожата ќе ви биде поинтензивна и потемна, а ќе го освежите и организмот (и тоа со здрава храна!) и ќе му додадете дополнителна енергија која ќе ви треба за целиот ден.
Ананас
Ананасот е богат со витамин Ц и природни шеќери, но и со бели влакна! Спречува надуеност и вашиот стомак останува рамен. Свежиот ананас пресечете го на тркалца, а потоа во фрижидер изладете го добро и во пластичен сад однесете го на плажа.
Ќе ви дојде одлично на +30…
Бадеми
Полни се со протеини, магнезиум, витамин Б и Е, па се идеален додаток за вашата торба за на плажа. Магнезиумот го подобрува расположението и спречува главоболка, протеините ви ја подобруваат крвта, а витаминот Б ви дава енергија и спречува глад.
Пуканки
Малку калории, а многу бели влакна – тоа е основната придобивка од пуканките. Одлични се за одржување линија и со нив не морате да се грижите за вишокот килограми.
Егзотична „шопска“ салата
Ова е нашето омилени грицки – микс од јаткасти плодови и овошје. Ореви, бадеми, лешници, индиски оревчиња (најдобро е да НЕ се печени) комбинирајте со суво грозје, чипс од банани, јаболка, праски. Вака заедно се совршен извор за енергија.
Медени сусамови плочки
Ако не ви се допаѓа храната што ја нудат во најблискиот бар на вашата омилена плажа, не заборавајте да спакувате едно или две пакување со сусамки во торбата. Најдобрите ги има во продавниците на Стокомак (за само 28 денари), но ги има и во Тинекс, а најверојатно и во останатите големи маркети.
„Сусамките“ се совршен извор на енергија, а воедно и ќе ви држат сити.