Кафе муабет

Што јаде Ким Кардашијан, а што Кендал и Кајли Џенер?

Advertisement

Еве како изгледа менито на познатите сестри

Advertisement

Клои Кардашијан неодамна објави текст на нејзината интернет страна во кој ни откри што јадат популарните сестри. Таа објаснува дека сите имаат различни афинитети кога е храната во прашање, па за нив преставува вистински предизвик кога треба да одат заедно во ресторан  бидејќи не е е лесно да го изберат оној што ги задоволува сите нивни желби. Ким Кардашијан има најстрог режим бидејќи откако се породи со второто дете сака што побрзо да ја среди својата линија. Нејзината сестра истакнува дека не би можеле да издржи ниту еден ден на нејзината диета базирана на Аткинсовиот план за исхрана. Ким од својата исхрана ги има исфрлено сите шеќери и јаглехидрати, а во текот на денот јаде само месо и млечни производи.

За разлика од неа, Кендал Џенер има одличен метаболизам и може да ги јаде и забранетите работи и тоа без преголема грижа на совеста. Познатиот ИT модел обожава хамбурегери и пица и често можете да ја сретнете во рестораните за брза храна.

Advertisement

Од друга страна пак, Кајли Џенер е типична тинејџерка кога е храната во прашање и единственото што внимава е да се храни со здрава и свежа органска храна.

Но кога станува збор за диети и ригорозниот режим на исхрана, најмногу има направено Кортни Кардашијан која јаде само органска и безглутенска храна и потполно ги избегнува млечните производи. Ако и веруваме на нејзината сестра Клои, токму Кортни има најголема дисциплина кога е во прашање храната.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button