Реклама
Наши ѕвезди

Нова вojна на естрадното небо, снаата на Цеца pacпали по Карлеуша – ПОГЛЕДНЕТЕ што и’ порача, фановите во шок!

Реклама

Сите се сигурни дека Карлеуша нема да и’ остане должна

Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ (Фан страна)

Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ ги шокираше сите на Инстаграм додека разговараше со фановите. Имено, младата и атрактивна мама не внимаваше многу додека даваше одговори поврзани со пејачите.

Богдана меѓу другото мораше да одговори и на прашањето која е нејзината омилена песна од одредени пејачи, па така соопшти дека омилена песна и е големиот хит на свекрвата „Кукавица“, дека најмногу ја слуша „Совршен пар“ од Анастасија Ражнатовиќ, дека ја сака Сека Алексиќ.

Маркетинг

Но тогаш следуваше незгодното прашање – која ти е омилена песна од Јелена Карлеуша, по што таа одговори

Маркетинг

„Таа нема песни!“

Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ

Ова сигурно нема да и се допадне на Карлеуша, па сите се нестрпливи и го очекуваат нејзиниот одговор.

Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ (Фан страна)

Богдана како воопшто да не се породила

Инаку, Богдана и Вељко неодамна се остварија во улога на родители кога го добија малиот Жељко. Но токму затоа фановите и се изненадени затоа што таа за многу кратко време повторно изгледа беспрекорно, а од неодамна отвори и профил на Инстаграм каде објавува свои фотографии на кои во центарот на вниманието е нејзиното совршено тело.

Нема дилема дека Бебето им го смени животот на Богдана и на Вељко, а тој неодамна откри и како се снаоѓа во улога на татко, а зборуваше и за неговото искуство со вирусот корона.

Имено на прашањето од што се плашел најмногу кога му откриле дека е позитивен, Вељко беше потполно искрен.

Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ (Фан страна)

„Доста луѓе што ги познавам прележаа вирусот корона, немав никаков страв. Се придржував до она што ми го кажаа докторите и во рок од седум дена бев негативен. Слушнав дека воведуваат нови мерки, тоа е страшно, но пострашно е да имаме заразени по улица и трагични случаи.“

Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ (Фан страна)

Што се однесува до неговата сопруга и како се чувствува откако се оженил, тој вели:

„Најдов мир во главата откако ја најдов мојата жена, дури тогаш се смирив потполно“, заклучи тој.

Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ (Фан страна)
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ (Фан страна)
Фото: Инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ (Фан страна)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button