Сезонски грип и вируси ја тресат Македонија – Еве што да правите ако се разболите!
Комисијата за заразни болести објави општи мерки за заштита од грип кои се насочени кон сите акутни респираторни заболувања и може да се од голема корист, особено ако се применуваат во текот на целиот зимски период.
Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе (голема густина на престој), особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура!
– Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство!
– Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат!
– Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи!
– Да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон.
– Да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук кои му се неопходни на организмот.
Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц (цитрони, лимони, портокали, пиперка). Доколку не се располага секогаш со свежи прехранбени продукти, може да се користат и мултивитамински таблетарни препарати и зајакнувачи на отпорноста (имунитетот).
– Практикувајте здрав начин на живот и здрави навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржувајте ја физичката и психичката активност, намалете го стресот. Силниот имунитет ќе ви помогне да останете здрави или полесно да се справите со грипот и заболувањата слишни на грип. Сепак, дури и да сте совршено здрави и да имате силен имунитет, може да станете жртви на вирусите и да настинете!
Што ако се разболите од грип? Како да ги заштитите блиските?
Ако и покрај сé се разболите од грип или некоја друга вирусна инфекција слична на грип, тогаш придржувајте се кон следните препораки:
Останете дома и не одете на работа, во училиште или на места каде има премногу луѓе!
Одморајте се и земајте многу течности и лесна храна!
Избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни!
Ставајте маска/крпа на устата и носот кога контактирате со своите блиски во домот, кога кашлате и кивате!
Мијте ги рацете со топла вода и сапун – често и темелно, особено после кивање или кашлање!
Користете влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете!
Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце!
Отстранете ги или дезинфицирајте ги загадените предмети од околината адекватно!
Проветрувајте ја често просторијата во која престојувате додека сте болни!
Одржувајте ја чиста вашата околина – предмети, површини со средства за хигиена на домот!
Побарајте лекарска помош доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови!