Модниот стил на Меланија Трамп некогаш и сега – од секси и кич комбинации, до беспрекорни дамски изданија
Нејзиниот стил дефинитивно е нешто што би сакале да го копираме!
Но како таа изгледаше на почетокот од својата кариера?
Таа на 18 години го потпишува договорот со модна агенција од Милано и започнува да ја гради својата кариера како манекенка. Покрај бројните модни едиторијали во кои ќе се појави, ќе се најде и на насловните страни и тоа на бугарското издание на „Harper’s Bazaar”, италијанското „Vanity Fair“, изданието од „Sports Illustrated“ посветено на костимите за капење, а во 2000 се фотографираше како од мајка родена за јануарското издание на „GQ“.
Токму за време на нејзиниот престој во Њујорк на еден моден настан ќе се запознае со Доналд Трамп и ќе се омажи со него во 2004 година во венчаница од Диор во вредност од 100.000 долари. Од тој момент Меланија станува интересна за медиумите, многу повеќе отколку за време на целата нејзина кариера, а овој интерес енормно се зголемува откако стана прва дама.
Па погледнете како изгледал нејзиниот стил низ годините: